По неколку дневната “падни-стани“ ситуација охридските бели во комплетен состав ги продолжија подготовките за “повратната“ сезона во најсилната македонска фудбалска лига.

“Сенаторите“ во клубот одлучија да ја стават во мирување претходната одлука и му се ставија на располагање на новиот шеф на стручниот штаб Цветаноски Здравко.


се вратија на тренинг – дел од фудбалерите на Охрид

Не сакаме ние да бидеме сопката за успехот на клубот. Успеавме да го внесеме клубот во првата лига и нема да го оставиме на цедило, одлучивме да се приклучиме кон останатиот дел на екипата. Ние нашето го направивме , сега е ред на управата – велат фудбалерите кои“легнаа на брашното“ и  се вратија во тренажниот процес.

Од неколку дневното одложување на подготовките не доби никој, а најмногу загубија самите фудбалери. До колку беше таква работата, прашање е зошто се тактизираше неколку дена и не се прифати предлогот на стратегот Цветаноски уште во понеделникот комплетниот тим да ги стартува  подготовките и проблемите да се решаваат во од.

М.П.