Комплетирани се четвртфиналистите на 28. издание на турнирот во мал фудбал „Богородица куп 2026“ во Волино, откако синоќа беа одиграни последните три натпревари од осминафиналната фаза.

БЗ Груп убедливо ја совлада екипата на Екстра Скопско со 4:0, додека Чардак Велгошти славеше против Типлери со 5:0. Убедлива победа забележа и ДОЕЛ Ноче, кој го совлада Мороишта со 6:0.

Резултати – 1/8 финале:

БЗ Груп – Екстра Скопско 4:0
Типлери – Чардак Велгошти 0:5
ДОЕЛ Ноче – Мороишта 6:0

Турнирот вечерва влегува во четвртфиналната фаза, а на програмата се две средби.

1/4 финале – 23 август:

20:30 ДОЕЛ Ноче – Чардак Велгошти
21:30 Сатеска – Асп Пак

Победниците од вечерашните дуели ќе бидат првите патници во полуфиналето на „Богородица куп 2026“.

Г.М.