Селекцијата на Хрватска со триумфот над Египет 21-19 (13-7) ги комплетираше репрезентациите учеснички во 1/4 финалето на Мундијалот во Франција.
Покрај хрвататите пласман меѓу најдобрите осум обезбедија уште Шведска, Унгарија, Катар, Шпанија, Норвешка, Словенија и домаќинот Франција.
Место во 1/4 финалето немаше за Европскиот шампион, Германија и носителот на Олимпискиот златен медал, Данска кои претрпе порази од Катар односно Унгарија во првата фаза во нокаут системот на Светското првенство.
Резултати: Белорусија – Шведска 22-41, Унгарија – Данска 27-25, Германија – Катар 20-22, Хрватска – Египет 21-19.
Двојки:
1/4 финале:
Шпанија-Хрватска / Норвешка-Унгарија
Франција-Шведска / Словенија-Катар
OhridNews