Со натпреварите од третото коло кои се одигра Ц групата, заврши првата фаза на Европското првенство за играчи до 21 година, кое се одржува во Полска. Групата Ц ја освои Италија, а од оваа група во полуфиналето ќе оди и Германија како најдобра второпласирана репрезентација.

Италијаните само со победа над Германија можеа да изборат полуфинале, а целта ја оствраија со голот на Бернардески постигнат во 31.минута.

Во вториот меч од оваа група Данска ја совлада Чешка со 4:2 и го избегна последното место.

Расплетот во Ц групата ги дефинира двојките за полуфиналето. Во вторник од 18 часот, во првото полуфинале ќе играат Англија и Германија, додека во 21 часот во второто ќе се сретнат Шпанија и Италија.

OhridNews