По комплетирањето на шестата рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони познати се сите екипи кои изборија пласман во осминафиналето.
Од тука некаде почнуваат вистински возбудувањата бидејќи секоја грешка скапо се плаќа со елиминација.
Како и обично во ждребката екипите ќе бидат поделени на прво и второпласирани :
Прв шешир : Атлетико Мадрид, Реал Мадрид, Монако, Борусија Дортмунд, Баерн Минхен, Барселона, Челси, Порто
Втор шешир : Јувентус, Базел, Леверкузен, Арсенал, Манчестер Сити, ПСЖ, Шалке, Шахјтор.
„Бинго“ од првиот барабан се тимовите на Монако и Порто додека во вториот се наоѓаат италијанскиот и англискиот првак Јувентус односно Манчестер Сити.
Ждребката е полудиригирана и неможе да паднат екипи од иста земја и оние кои се сретнале во групите, а е закажан за в понеделник точно на пладне.
Мх.П.