Без победник (1-1) заврши дербито меѓу Порто и Рома во првиот меч од бараж двомечот за пласман во Лигата на Шампиони.


Фудбалерите на Рома може и треба да бидат задоволни со ремито бидејќи од 41-та минута при водство (1-0) играа со фудбалер помалку.


Португалците со играч повеќе успеаја во 61-та минута да го изедначат резултатот, а не и да го свртат во своја полза.


Резултати: Селтик – Хапоел Беер Шева 5-2, Дундалк – Легија 0-2, Порто – Рома 1-1, Лудогорец – Викторија Плзен 2-0, Виљареал – Монако 1-2.

OhridNews