Селекциите на Шпанија и Србија се последните репрезентации кои обезбедија учество на Европското првенство за фудбалери до 21 година кое ќе се одржи следната година во Полска.


Во бараж средбите шпанците и србите успешни ги минаа репрезентациите на Австрија и Норвешка.

„Црвената фурија“ благодарание на правилото гол во гости се пласираше понатаму. Првиот меч во Австрија заврши нерешено 1-1, а во реванш мрежите мируваа.

„Орлите“, изгубија во Норвешка минимално 1-0, но пред своите гледачи победија со 2-0 и со вкупен резултат 2-1 патуваат на ЕП.

Меѓу селекциите учеснички во Полска ќе биде и Македонија која низ квалификациите обезбеди пласман во завршницата.

Ждребката за групите на ЕП ќе биде на почетокот од следниот месец, а евро-шампионатот ќе се одржи во јуни 2017 година.

OhridNews