Комплетирани се осумте селекции учесници во нокаут фазата на 12-то издание на Копа Америка. Последни селекции кои обезбедија пласман беа Бразил како првопласиран, Перу и Колумбија од Ц групата.


„Кариоките“ без суспендираниот Нејмар во составот со 2-1 ја совлада Венецуеал додека Колумбија и Перу ги поделија бодовите ремизирајќи без голови 0-0.


Во четвртфиналето на Копа Америка ќе се сретнат Чиле – Уругвај, Боливија – Перу, Аргентина – Колумбија и Бразил Парагвај.

Четвртфиналните пресметки на програмата се четврток, петок и сабота во раните утрински часови.

Ohridnews