За првпат откако е изграден се изврши комплетна санација на плоштадот кај Мини маркет. Санирана е комплетната инфраструктура на плоштадот, информираат од Општина Охрид.

Екипи на ЈП “Водовод” извршија санација на водоводните системи и фонтаните. Се изврши чистење на одводните мрежи и се изврши целосна санација на системот за јавно осветлување. Се поставија нови клупи и канти за отпадоци и се санираа оштетувањата на амфитеатарот, велат во соопштението.

Со овие зафати, додаваат, се врати повторно убавиот изглед на Плоштадот и можноста повторно да прерасне во урбано катче за дружење на граѓаните.

OhridNews