Оперативните служби на ЈП „Охридски Комуналец“ извршиле дотур на абразивни средства до образовните установи и градинки на територијата на општина Охрид со цел побрза интервенција за време на неповолни зимски временски услови, информира јавното претпријатие.
Во тек се и редовни и вонредни активности. Се продолжува со активностите за собирање на паднати лисја од парковските површини чистење на обраснато зеленило во Стар Град, населба Охридати, ул.Мирче Ацев, населба Христо Узунов, пат до село Куратица и во село Куратица, извршено е и темелно чистење на тротоарите вдолж ул. Галичица од наноси од песок, земја и ниска вегетација, соопшти ЈП „Охридски Комуналец“.
OhridNews