По реакциите на граѓаните и пишувањето во OhridNews, денес, екипи при ЈП „Охридски комуналец“ пристапија кон расчистување на некогашниот полигон за мали спортови, простор кој години наназад е во сопственост на правен субјект.

По претходно издаден налог од страна на комуналната инспекција, на правниот субјект му било наложено во временски ограничен рок да го расчисти просторот од полигонот за мали спортови од натрупаниот комунален, зелен и друг вид отпад.

Расчистувањето на отпадот се изврши по постигната согласност помеѓу правниот субјект и ЈП Охридск комуналец за соодветен надомест, при што беа подигнати 12 метри кубни отпад.

OhridNews