“Комуналец” продолжува со апелите до надлежните за решавање на проблемот со неправилно паркираните возила во центарот на градот.

Изминатата недела секојдневно доставувавме дописи (барања , ургенции и известувања) до надлежните во СВР-Охрид и Сообраќајната полиција за да превземат итни мерки за непречено одвивање на сообраќајот по новиот летен режим на работа, но работите не се помрднаа од мртва точка. И понатака заради паркираните возила по велосипедската патека пред маркетот “Тинекс”, на кружниот тек на градскиот плоштад и отежнатиот сообраќај во стариот дел на градот, нашите екипи не можат да ги извршуваат своите секојдневни активности, велат од ЈП Комуналец .


Од ова јавно претпријатие напоменуваат дека специјалното возило за метење поради неправилно паркираните возила не може да го мети центарот на градот, да ја одржува јавната хигиена, мие сообраќајниците, а специјални возила за подигање отпад не можат слободно да се движат по коловозните ленти и да пристапат до контејнерите.

OhridNews