По налог на Градоначалникот на Општина Охрид, Александар Петрески, од денес екипи на Ј.П.”Охридски Комуналец” заедно со сета своја расположива механизација, се ставени на располагање на селото Пештани, со цел да му помогнат на месното население, кое претрпе огромни штети од поплавите.


Со помош на механизацијата ќе се чистат одводните канали, септичките јами и ќе се расчистува водата од поплавените подруми, дворови и други објекти. Оваа акција ќе трае и во наредните денови, се’ додека за тоа има потреба.

Ohridnews