Откако граѓаните преку OhridNews реагираа на мини-депонијата на булеварот „Туристичка“ во близина на градскиот пазар, денеска по налог на Општинскиот инспекторат, локацијата која е во приватна сопственост, се расчистуваше од екипите на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“.

Како што информираат од ЈП „Охридски Комуналец“, подгинатни се енормни количини зелен и комунален отпад од просторот кој долго време е целосно запуштен од сопствениците.

„Во одржувањето на јавната чистота на јавно-прометните  површини кои согласно законот за Јавна чистота се точно дефинирани и истите треба да ги одржува Ј.П.„Охридски Комуналец“ , секојдневно се соочуваме со проблеми кои произлегуваат од создавањето  мини-депонии на приватни имоти. Овие мини-депонии се наоѓаат на многу фреквентни локации и претставуваат грда слика и опасност  за сите граѓани.“ – информираат од ЈП Охридски Комуналец.

Охриѓани позитивно реагираат на преземените активности од страна на надлежните служби, надевајќи се дека во идниот период, еколошката свест кај нивните сограѓани ќе се искачи скалило повеќе.

OhridNews

Фото: Мини-депонија на булеварот „Туристичка“