Во текот на вчерашниот ден, екипите на „Јавна хигиена“   изведоа акција за чистење на патеките, школските дворови и просторот околу градинките, основите и средните училишта во градот.

Исто така, во изминативе две недели по налог на општина Охрид генерално се чистеа и хортикултурно се уредуваа повеќето  дворови од образовните институции со косење, кроење на крошните од дрвјата, засадување на украсни садници и цвеќа.

На овој начин, ЈП „Охридски Комуналец“ им посакува успешен старт во новата школска година  на нашата најмлада популација.

OhridNews