“Комуналец” ќе биде едно од првите комунални претпријатиа во Република Македонија кои сметките ќе ги доставува во заштитена форма (во плико). Во горниот дел од сметката се наведени сите потребни информации за корисникот на услугата и начинот на кој е формирана сметката, додека во долниот дел се наоѓа веќе пополнет вирман во кој се наведени податоците на корисникот и месечниот износ на задолжување. Со овој вирман граѓаните и правните лица, без никакво пополнување, можат да ја исполнат својата обврска за плаќање во најблиската банка, пошта и секако во нашиот наплатен центар во градскиот пазар, информираат од јавното претпријатије.
Првите сметки и фактури со новиот дизајн кои ќе ги добијат граѓаните и правните лица, ќе бидат за месечното задолжение за месец февруари 2010.