Министерството за транспорт и врски во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа, Министерството за внатрешни работи и Државниот комунален иснпекторат изврши обука на вработените комунални редари и комунални инспектори во општините низ земјава.

Како што информираат од министерството за транспорт, тема на предметната обука била имплементацијата на одредбите од Законот за јавна чистота и правилна примена на одредбите од Законот за прекршоци.
 
На обуките учествувале 162 слушатели, од кои 87 комунални редари и 75 комунални инспектори на општините.
 
Во рамките на обуките, општинските комунални редари и инспекторите имале можност да стекнат подлабоко знаење во делот на имплементација на Законот за јавна чистота и решавање на сите прашања при спроведувањето; водење на постапката пред прекршочен орган, видовите постапка кои се водат пред прекршочен орган (мандатна постапка); постапка при легитимирање на лице и констатирање прекршок со правилно пополнување на обрасци како и појаснување на одредбите од Законот за јавна чистота поврзани со сообраќајот
 
Со извршената обука се очекува во иднина да бидат надминати прашањата со кои се соочуваа комуналните редари и општинските инспектори во текот на секојдневната  имплементација на одредбите од Законот за јавна чистота, потенцираат од министерството за транспорт и врски.

OhridNews