Превртени канти за отпадоци и расфрал отпад, растурени цвеќиња, уништени зелени површини. Ваква е сликата во Струга по уништување на урбаната опрема и уредениот зелен простор од страна на несовесни граѓани.

Ве молиме да не ги оштетувате урбаните средини, дрвјата, цвеќињата и зеленилото, поставени од ЈП „Комунално“. Ваквите постапки само му штетат на градот и го уништуваат ликот на нашата убава Струга. Ајде сите да се грижиме за нашиот град да биде што е можно почист и поубав, стои во апелот на претпријатието.
Дополнително, паркирање на возило на зелена површина, говори уште повеќе за ниското ниво на свесност за грижење за јавните зелени уредени површини.

Н.С.Ј.













