Градоначалникот на Општина Струга што е можно побрзо да се сретне со градоначалникот на Општина Вевчани за да ги разгледаат новонастанатите состојби и да излезат со заеднички став, е дел од заклучоците донесени на денес одржаната вонредна седница на Комисијата за односи меѓу заедниците во Струга , а по повод последните случувања во градот.
Претставниците на струшкото муфтиство, со посредништво на градоначалникот на општина Струга, да се сретнат со градоначалникот на Вевчани и организаторите на карневалот, да се одржи вонредна седница на советот на Општина Струга, со единствена точка на дневен ред: Разгледување на меѓуетничките односи во Општина Струга, се заклучоците на седницата на КОМЗ.
Комисијата ги осуди сите активности кои негативно се рефлектираат врз добрите меѓуетнички односи во општината и државата.
Од комисијата во насока на смирување на страстите, апелираат до населението да биде воздржано и да не подлегнува на било какви провокации кои што може негативно да влијаат на добриот соживот меѓу граѓаните на Општина Струга.











