Поради обилни врнежи од снег воведена е забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец Гостивар – Дебар – Струга и Охрид- Буково – Ресен, додека забраната на патниот правец Гостивар – Стража – Кичево е укината во 10:45 часот, со напомена дека на планинскиот премин Пресека за тешки товарни возила е задолжителна употреба на зимска опрема.

На патниот правец Дебар – Струга кај месноста Џепиште поради обилни врнежи од дожд има голем одрон на патот и воведена е забрана за Тешките товарни возила.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива во зимски услови и по влажни коловози, особено во западниот и југозападниот дел од државата, каде се бележат врнежи од снег со среден интензитет. Поради ниските температури на повисоките и осојничави места можна е појава на голомразица.

OhridNews