Првите неколку дена од новата седмица, односно до петок, времето во Охрид ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди и максимална температура од 8 до 10 степени, а минимална од 1 до 3. Во петок се очекуваат повремени врнежи од дожд, а во сабота врнежи од дожд и снег.
Намалување на температурата се очекува во недела кога се предвидуваат врнежи од снег, во утринските часови. Максималната температура ќе биде 4 степени, а минималната -2.
OhridNews












