Во организација на фестивалот „Охридско лето“, утре вечер во црквата Св. Софија во Охрид во 18 часот, конверт ќе одржи младата руската пијанистка со светска слава, Злата Чочиева.

Фестивалската публика ќе ужива во музицирањето на пијанистката која предизвика меѓународно внимание со своите високо-вреднувани снимки на дела на Шопен и Рахманинов, истакнувајќи ја како препознатлив глас кај пијанистите со длабок афинитет кон овие композитори.

На програмата се дела од Сергеј Рахманинов, Александар Скрјабин,Фредерик Шопен и Франц Лист.

Билетите по цена од 150 денари можат да се набават во Дирекцијата на Охридско лето и пред почетокот на концертот, на самиот влез од црквата „Света Софија“.

OhridNews