Концерт на Музичка младина на Македонија вечерва на Охридско лето
21.08.20 12:24
Во рамките на музичката програма на Охридско лето вечерва концерт на Музичка младина на Македонија со камерниот оркестар „Саша Николовски Ѓумар“ под диригенската палка на Олег Кондратенко. Како солист ќе настапи виолинистот Ѓорѓи Петроски. Концертот е со почеток од 21 часот во Предворјето на црквата Св.Софија.
Камерниот оркестар на Музичката младина на Северна Македонија постои повеќе од 32 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986 година. Овој ансамбл е прв и единствен од ваков вид на просторите на Југоисточна Европа и е составен од студенти на ФМУ- Скопје но и гости музичари од други земји. Повеќе од 350 млади музичари биле дел од овој уникатен состав кој низ годините ѝ се наметна на музичката јавност не само како неопходност туку и како изведувачки состав со високи професионални квалитети. Диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле: Ф. Муратовски, Г. Коруновски, С. Николовски-Ѓумар, В. Николовски-Ѓумар, М. Спасов, Б. Цанев, А. Ремерајт, Б. Чадловска, О. Кондратенко, Миша Кац, Џанлука Мартиненги, Елена Митревска, а оркестарот има постојана тенденција за промовирање на млади диригенти (Дијана Илкоска, Иван Еминовиќ). Како признание за постигнатите резултати, во 1995 оркестарот беше поканет и одржа концерт во Будимпешта по повод 50-годишнината од основањето на Светската Федерација на музичка младина. Оркестарот има остварено повеќе радио и ТВ снимки, но има и сопствена ЦД продукција со издадени 5 носачи на звук. Веќе 32 години завршниот концерт на летната сесија на оркестарот е дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“, а во последните 12 години и на фестивалите „Скопско лето“ и „Битолско лето“. Од 2018 година оркестарот го носи името на македонскиот диригент Саша Николовски-Ѓумар, а во изминатите неколку години летната сесија на оркестарот и концертите се под раководство на истакнатиот педагог и виолинист Олег Кондратенко.
Младиот виолинист Ѓорѓи Петровски е од Охрид. По завршувањето на основното музичко образование дипломира на факултетот за музичка уметност „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Своето понатамошно усовршување го продолжува на светски реномираниот унверзитет за музика во Сарбрикен, Германија. Тој во моментов е на мастер студии и својата музикална наобразба ја збогатува со реномираните уметници: Ханс-Петер Хофман, Давид Гримал, Гордан Николиќ и Татетик Мокациан. Тој е добитник на награди од повеќе реномирани натпревари, меѓу кои се вбројуваат: Прва награда на интернатионалниот натпревар во Ниш, Србија и трета награда на интернационалниот натпревар „Охридски бисери“. Тој, исто така беше финалист на натпреварот „Валтер Гискинг“ во 2019 во Германија.
Ѓорѓи Петровски музицира со повеќе камерни ансамбли и оркестри. Како камерен музичар настапува со клавирското трио „Антерос“, со своето пијано дуо бележи настапи во Милано, Стокхлом, Берлин и Виена, а како солист настапувал и со Филхармонијата на Северна Македонија. Неговото оркестарско искуство ги вклучува настапот со Филхармонијата во Луксембург, Младинскиот оркестар во Берлин и Минхен. Во 2017 г. беше поканет како концертмајстор на академскиот оркестар на Фестивалот во Тирол, Австрија каде беше забележан од страна на врвниот и реномиран диригент Густав Кун. Ова лето, тој беше дел од Давос Фестивалот во Швајцарија каде како концертмајстор со камерниот оркестар ја воодушевија швајцарската публика. Благодарение на поддршката од страна на Фондацијата „Маџини“, Ѓорѓи Петровски свири на виолина од Томази Каркаси (Фиренца) од 1751 година.
Музичката програма на „Охридско лето“ вчеравечер продолжи со солистички концерт на светски познатиот виртуоз на пијано, Михаил Плетњов Во катедралната црква „Света Софија“ пред бројната публика Пле...
Српскиот машки хор „Свети Серафим Саровски“ од Зрењанин вчеравечер беше посебно доживување за публиката на „Охридско лето“ во рамките на традиционалната Српска вечер на фестивалот Кристалната чисто...
Дијана Петрова е автор на расказот „Мизенабим” под шифра: „Кибела” кој беше избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“, соопшти Општина Охрид Дијана Петрова е родена во 1992 година во ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.