Во очи големиот православен празник Богојавление – Водици, вечерва, 18 јануари, во организација на Општина Охрид, голем концерт ќе одржи балканската музичка ѕвезда Петар Грашо.

Концертот на Грашо на плоштадот „Свети Климент Охридски“ , почнува во 20 часот.

Свечено во Охрид ќе биде и на 20 јануари, на празникот Свети Јован Крстител, кога се слави Денот на рибарите.

По тој повод на Градскиот плоштад во Охрид со почеток во 12 часот концерт ќе одржи македонската фолк ѕвезда Миле Кузманоски.

OhridNews