Концерт на руските уметници Алена Баева и Вадим Колоденко во Св. Софија
20.07.18 07:00
Во рамки на фестивалот „Охридско лето“, вечерва во црквата Св. Софија, ќе настапат руските уметници Алена Баева – виолина и Вадим Колоденко – пијано.
На програмата се дела од Дебиси, Педеревски, Бетовен…
Концерот почнува во 21 часот.
Репертоаротна Баева е разновиден. Во своите концертни програми таа вметнува и помалку познати дела од литературата за виолина. Има издадено и голем број компакт-дискови, а нејзините настапи многу често се емитувани на светските радија и телевизии.
Вадим Колоденко има репутација на еден од музички најдраматичните и технички најнадарените изведувачи на новата генерација пијанисти. Како добитник на Златниот медал на Интернационалниот пијано натпревар „Ван Клибурн“ во 2013 година, Колоденко започнува да гради интернационална кариера. Низ годините Колоденко соработувал со голем број истакнати диригенти, оркестри и изведувачи. Има богата дискографија, а еден од најзначајните компакт-дискови е оној со Оркестарот на Норвешкото радио издаден во 2015 година, кој е награден со познатата „Editor’s Choice“ награда.
Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду, која беше во прва официјална посета на Охрид На средбата присуствуваше и Дес...
Во организација на Општина Охрид и НУ Библиотека Григор денес во Прличевата одаја во НУ Библиотека Григор Прличев беше одржан настан по повод одбележувањето 20 години од смртта на роднокрајниот авт...
Акционерското друштво за приредување игри на среќа во државна сопственост – Државна лотарија на Република Северна Македонија, најостро реагира на тенденциозните, малициозни и клеветнички обиди на о...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.