Еден од најдобрите музички селектори, познатиот охридски диџеј и водител Ванчо Јованоски, ќе се придружи на концертот на џез-соул-фанк ансамблот на Владимир Четкар оваа недела во кампот Љубаништа.
Ванчо ќе не забавува со неколку сетови пред и после концертот. – објави Владимир Четкар.
Вратите за концертот на Владимир Четкар 21 август се отвараат во 17:00 часот, а концертот ќе започне во 18:30.
Влезот е бесплатен.
Резервација за маса на 075 362 584 / 074 233 991.
Како што веќе објавивме, за концертот обезбеден е организиран бродски превоз со бродовите Александрија 1 и 2.
Повратен билет за брод чини 300 мкд, а резервации може да се направата на 070 232 202.
Поаѓање од градско пристаниште во 17:00 часот, враќање по завршувањето на концертот.
Картите се продаваат на бродовите Александрија 1 & 2 и на штандот од бродовите на градското пристаниште.
OhridNews













