Концерт на Trio Dolce утревечер во Домот на култура „Браќа Миладиновци”-Струга. Ќе настапат Светлана Богданоска- Ристоски на флејта, Андријана Дукоска на виолончело и Марија Шамоска- Буџаковски на пијано.
Ве покануваме на незаборавна музичка вечер со Trio Dolce, музички состав кој ќе ве поведе на патување низ светот на класичната музика. Очекувајте прекрасен избор на композиции, емоција во секоја нота и атмосфера што допира до срцето. Настанот е одлична можност да ѝ се посветиме на уметноста, да се инспирираме и да споделиме убави моменти заедно, велат организаторите.
На програмата се дела од Loice Farrenc, Astor Piazzolla, Johannes Bhrams, Philippe Gaubert како и Трајко Прокопиев.
Концертот е со почеток во 20 часот, а влезот е слободен.
OhridNews