Овој четврток, 11 јули, љубителите на џез музиката, ќе можат да уживаат во концертот на џез квинтетот Next To Silence во џез клубот Џез Ин.
Next to Silence е бенд кој започна со свирење реинтерпретирани мелодии од музичари кои издаваа за музичката куќа ECM, но толку многу уживаше во ваквата авантура што продолжи со создавање и своја музика. Нивниот албум ‘…’, издаден за Скопскиот џез фестивал, отелотворува разни звучни стории и го раскажува она што најубаво се говори без зборови. Иако името Next to Silence потекнува од реченица во џез магазин која ја објаснува музиката како „најубавиот звук покрај тишината“, сепак музиката на Next to Silence не е ниту најубав звук, ниту тишина. Тaа е нешто помеѓу. Музиката на овој бенд би можела да биде повикување на различни приказни или звучен пејзаж лишен од значење… искуство што може да ве доведе до тишина…
Џез квинтетот Next To Silence го сочинуваат Кирил Кузманов – саксофон, Ади Имери – гитара, Филип Димишковски – клавијатури, Драган Стојковски – бас гитара и Гоце Наумов – тапани.
Концертот во четврток почнува во 22:00 часот, а карти може да се резервираат на телефонскиот број 078/201-491.
Во продолжение погледнете го видеото за нивниот најнов сингл “Tsunami” кој е сниман на археолошкииот локалитет “Залив на коските” кај Градиште.
Вчера во 15:00 часот на улицата „Ристо Крле“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга привеле 31-годишно лице од струшкото село Велешта Тој претходно бил пријавен дека пред спортска обложува...
Во земјава денеска се одржува вториот круг од Локалните избори 2025 Ќе се избираат градоначалници во 32 општини, меѓу кои и во Струга и Дебрца и во Градот Скопје, а за советници ќе се прегласува н...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец Максималната температура во Охрид ќе достигне 18 степени Во понеделник не оче...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.