Next to Silence е бенд кој започна со свирење реинтерпретирани мелодии од музичари кои издаваа за музичката куќа ECM, но толку многу уживаше во ваквата авантура што продолжи со создавање и своја музика.

Нивниот албум ‘…’, издаден за Скопскиот џез фестивал, отелотворува разни звучни стории и го раскажува она што најубаво се говори без зборови. Иако името Next to Silence потекнува од реченица во џез магазин која ја објаснува музиката како „најубавиот звук покрај тишината“.

Сепак музиката на Next to Silence не е ниту најубав звук, ниту тишина. Тaа е нешто помеѓу. Музиката на овој бенд би можела да биде повикување на различни приказни или звучен пејзаж лишен од значење… искуство што може да ве доведе до тишина…

Next to Silence ce:
Кирил Кузманов – саксофон
Ади Имери – гитара
Драган Стојковски – бас
Гоце Наумов – барабани

Концертот на Next To Silence во Џез Ин на 11 Октомври, сабота# почнува  во 22:00 часот.

Фото: Маја Аргакијева