Jazz Inn
Од 23.12.2025 - 22:00 до 23.12.2025 - 00:00
Во вторник (23 декември 2025) во џез клубот Џез Ин, целовечерен концерт ќе одржи можеби најдобриот македонски композитор и гитарист Тони Китановски. Неговото свирење има извонредна техника и имагинација, инспирирано од најголемите мајстори на гитарата во светот.

Во 1997 се враќа во Македонија и го формира прво составот “Луна”, а подоцна и своето трио. Првиот албум насловен како “One For Charlie” го издава во 1998 година за Скопскиот Џез Фестивел.
Оттогаш има издадено голем број албуми и свири со светски реномирани музичари. Подоцна станува професор на Музичката Академија во Штип.
Во вторник, во Џез Ин ќе го претстави проектот Interstellar Transmitions, квартет во кој уште настапуваат и Оливер Јосифоски (Љубојна) на контрабас, Сашо Поповски на гитара и Алек Секуловски на тапани.
Инфо и резервации на телефон: 078/201-491.
OhridNews











