Во фоајето при Центарот за култура култура „Браќа Миладиновци“ – Струга денес концерт ќе одржи популарното трио „Џентлмен“.

Музичкиот состав од тројца професионални оперски пејачи, Дејан Стоев-тенор, Кристијан Антовски-баритон и Јане Дунимаглоски-тенор кои имаат посебна специфика во нивната изведба како модерна уметничко-сценска атракција за публиката најави вистинско уметничко доживување.

Трио „Џентлмен“ има настапувано низ целата држава со свои целовечерни концерт. Дел се и од големи манифестации во државата и надвор од неа.

Нивните настапи се познати по тоа што секогаш нудат нешто ново нешто не видено на нашите простори. Тие се различни и по тоа што прават спој на операта, оперското пеење со различни жанрови како поп, латино, џез, рок композиции и сето тоа во еден нов и специфичен звук, тризвук интрепетиран од тројца оперски пејачи, соопшти Центарот за култура.

Влезот, како што најавува, е бесплатен, а проектот е финансиран од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

OhridNews