Утре со почеток 19:00 часот на плажата Сараиште ќе се одржи концерт во спомен и чест на Андреј Лаброски.

Почитувани пријатели со огромна чест и задоволство ве покануваме да бидете дел од овој настан, влезот е слободен но ќе биде поставена кутија за донации и целата сума на пари ќе биде донирана за набавка на медицинска опрема за педијатриското одделение во Општа Болница Охрид, велат од ВИС „Билјана“.

Посочуваат дека со оглед на тоа што концертот ќе се одржи на плажа посетителите да си понесат перниче, пешкир, столче за седење.

ВИС „Билјана“ секоја година преку концерти, креативни настани и промоции му оддаваат почит на нивниот колега и голем другар Андреј кој прерано го напушти овој свет.

OhridNews