
Судскиот совет ја потврди одлуката на Врховниот суд, кој реши дека британската болница во која престојувал Алфи има право да го прекине третманот и да го исклучи детето од апаратите за одржување во живот, бидејќи според утврденото, продолжувањето на лекувањето би бил залуден, безмилосен и нечовечки чин за смртно болното дете кое само дополнително би се мачело.
Во меѓувреме, родителите Том Еванс (21) и Кејт Џејмс (20), кои се во Ливерпул каде се наоѓа болницата во која е сместен нивниот син, тврдат дека Алфи и натаму се бори за живот и му е потребна итна интервенција.
Наместо на лекување во Рим, судот вчера одлучи дека родителите можат да го одведат Алфи дома или во болница за таму да умре со природна смрт. Судијата го опиша Алфи како борец и извонредно мало момче, но истакна дека заклучокот на лекарите е дека дегенеративната невролошка болест речиси целосно го уништила неговиот мозок и дека детето практично веќе не гледа, не слуша и не чувствува ништо.











