Навивачите на Манчестер Јунајтед, конечно, се израдуваа на победа на Олд Трафорд, откако нивните миленици со минимални (1-0) го совладаа Тотенхем.
„Црвените ѓаволи“, победа на домашен терен забележаа по четири нерешени средби во серија. Ерменецот Хенрик Мхитаријан во 29-та минута после асистенцијата на Андер Ерера ја погоди мрежата на „петлите“ за триумф.
Со новите три поени, Манчестер Јунајтед се доближи на три бодови од Тотенхем кој со 27 бодови се наоѓа на петтата позиција на табелата.
Во истиот термин, победа пред своите гледачи оствари и Саутемптон кој славеше (1-0) против Мидлзброу.
OhridNews