Англискиот премиерлигаш Ливерпул по година дена преговори и состаноци најде заеднички јазик со Саутемптон за услугите на холандскиот дефанзивец, Вирџил ван Дајк.
„Црвените“ од Енфилд на „светците“ ќе му исплатат 75 милиони фунти за трансферот на Ван Дајк, кој го прави најскап дефанзивец во светот, а втор најскап трансфер во Премиер лигата. Првото место го чува Пол Погба. Трансферот на Ван Дајк беше во најава, откако фудбалерот влезе во клинч со тренерот Маурицио Пелегрини и беше преселен на трибините последните мечеви.
Интерес за Ван Дајк имаше од Челси, Манчестер Сити и Пари Сент Жермен, но тој го одбра Ливерпул и не ја промени одлуката. Ван Дајк ќе го носи бројот 4 на грбот и шанса за деби во тимот на Ливерпул ќе има во 5-та рунда во Фа Купот во кој ќе се сретне со Евертон.
OhridNews