Португалскиот стручњак на клупата од Челси, Жозе Мурињо по пауза од подолго време има причина за радост откако на тренинзите се врати голманот Тибо Куртоа.


Белгискиот репрезентативец поради повреда надвор од терените е од почетокот на новата сезона, а се уште не знае неговото точно враќање меѓу стативите.

Англиските аналитичари ја проценаа повредата на Куртоа како една од главните причини за слабите резултати на „сините“ сезонава.

Неговата замена Асмир Беговиќ иако има одлични перформанси, сепак не е на рамниште на Куртоа, сметаат англичаните.

Минатата сезона екс чуварот на Атлетико Мадрид го потисна Петр Чех од составот кој сега ги брани боите на Арсенал.

Ohridnews