Екипите на „Македонија пат“ по два дена битка со големите снежни наноски го пробија планинскиот превој Пресека, кој според последните информации од теренот сега е прооден за сообраќај во двата правци и за автобуси.

Од А.Д. „Галеб“ информираат дека последниот автобус за денес кон Скопје во 17.45 часот ќе се обраќа преку Кичево. Во меѓувреме автобусите на охридскиот автопревозник сообраќаа по алтернативни патишта преку Битола.

OhridNews