ГЕФ Дримскиот Проект и ДРИМ Корда процесот продолжуваат со интензивно инволвирање на засегнатите страни во процесот на управување со басенот на реката Дрим. Оваа заедничка акција е поодршка за работата во изготвувањето на Прекуграничната Дијагностичка анализа и заедничката визија за Басенот. По 5-ти пат ќе биде организирана Конференција на засегнатите страни во рамките на Дрим Корда процесот за спореведување на Меморандумот за разбирање и во ремките на ГЕФ Дримскиот Проект.
– Оваа година Конференцијата ќе има две главни цели: Информирање на засегнатите страни за напредокот во имплементација на Дримскиот Меморандум и планираните активности во рамките на Дримскиот Проект. Оваа година пред учесниците ќе бидат презентирани изготвените Тематски студии за Басенот (Социоекономија, институционална поставеност, Биодиверзитет , хидрологија и инфо мониторинг систем) кои се основа на Прекуграничната дијагностичка анализа. Ова е прв пат вакви студии да с еизготвуваат за Дримскиот Басен. Втора цел е Подигањето на свеста за важните прашања за жителите и екосистемот во Дримскиот Басен. Главниот фокус ќе биде ставен на планирањето на управувањето со ризиците од поплави, превенција и предупредување, вели Дејан Пановски, Координатор на ГЕФ Дримскиот Проект.
5-тата Годишна Конференцијата ќе се одржи во Подгорица, Црна Гора на 21/22 Ноември 2017 . Во рамките на другите настани и работни средби на 20 Ноември ќе се одржи работната средба на Експертските Групи на Дримскиот Процес кои ќе ги дискутираат Тематските студии , а на 23/24 Ноември ќе се одржи 14-тиот состанок на Дрим Кор Групата на кој покрај одобрување на тематските студии ќе се врши и презентација на Годишниот извештај за работата на Проектот како и Работниот план на Проектот за 2018 година.
OhridNews












