„Центарот за истражување и креирање политики“ од Скопје, „Фондацијата Конрад Аденауер“, „Вилфред Мартенс центарот за европски студии“ од Брисел и Факултетот за Социјални студии на Универзитетот „ФОН“, утре во Струга ќе организираат Конференција на тема од Европските политички дијалози.
Експерти во областа на проширувањето на Европската Унија ќе разговараат за своите ставови и за важноста на овој процес, а конференцијата ќе даде посебен фокус на влијанието на финансиската криза и на сивата економија во државите на ЕУ.
Свое излагање ќе имаат Мирко Трипуноски, Декан на Факултетот за економија при Универзитетот „ФОН“ од Скопје, Марија Ристеска, Извршен директор на „Центар за истражување и креирање политики“ од Скопје и Руслан Стефанов од „Центарот за проучување на демократијата“ од Софија.
OhridNews