Целта на националната конференција е да се презентираат искуствата од воведувањето на стандарди за квалитет на граѓанските организации од регионот и од земјата и да се дискутира за важноста на квалитетот во нивното работење.
На Конференцијата ќе учествуваат претставници од граѓанските организации, владини претставници, претставници од мрежите и платформите на граѓанскиот сектор, како и претставници од медиуми.
Канцеларијата на ТАКСО во Македонија постои веќе две години и досега има организирано многубројни обуки кои се однесуваат на пристапот до ИПА-фондовите, теми од локален интерес, а голема улога канцеларијата има и во воспоставување на релациите Влада – граѓански организации, како и во поврзувањето на граѓанските организации од Македонија со организациите од регионот и од ЕУ.