Конференција за надминување на регионалните диспаритети
07.09.10 00:05
Охрид е домаќин на Конференцијата- “ Надминување на регионалните диспаритети” која се одржува во организација на Министерството за локална самоуправа.Присутни се околу 120 учесници- министри, претставници на надлежни институции и организации од 16 земји од Југисточна Европа и од Кавкаскиот регион.
Целта на дводневниот собир, кој се одржува со поддршка на Германското друштво за техничка соработка (ГТЗ) е да се изнајдат начини како да се постигне подобро спроведување на регионалните политики усогласени со Европската унија, како и да се укаже на растечката важност на регионалната политика на ЕУ, како и потикнување процеси на дискусии и размени на искуства меѓу Унијата, нејзните членки, земјите кандидати и соседните држави од ЈИЕ и Кавкаскиот регион.
Обраќајќи се пред учесниците на конференцијата, министерот за локална самоуправа Муса Џафери истакна дека развојот како приоритет на политиката на Република Македонија, е условен од усогласувањето на националната политика со онаа на ЕУ.
Потсетувајќи дека Унијата своите политики ги имплементира токму преку регионите, министерот Џафери, истакна дека регионалната развојна политика Република Македонија ја насочува кон намалување на диспаритетите меѓу одделните плански региони внатре во државата, но и помеѓу оштините во рамките на одделните региони.
Од собирот во Охрид се очекува да бидат излечени заклучоци кои ќе бидат преточени во „Охридска агенда за регионална политика во ЈИЕ и Кавказот“, документ што ќе биде формално доставен до надлежнитеинституции на ЕУ.
Синоќа во Куќата на Робевци беше отворен првиот „Меѓународен симпозиум за Медитеранска и теоретска археологија Лихнида“ по повод Европските денови на наследството 2025 во организација на НУ Завод и...
Успешно изведена хируршка реконструкција на дефект на лева челно-слепоочна регија од главата кај 26-годишен маж во ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ во Охрид Па...
Вчеравечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ по 37-ми пат се одржа културната манифестација „Охридски староградски средби“ Во рамки на програмата настапија градски мешан хор „Вокс Лихнидос“ –...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.