Клубот за подводни дејности „Охрид“ го организира 4-от Македонски нуркачки конгрес на 27 и 28 декември во Охрид, посветен на прерано починатиот нуркач од клубот Дејан Костојчиноски.

За разлика од претходната година кога акцент беше ставен на клубовите кои имаа свои презентации оваа година акцент е ставен на нуркачот без разлика дали е инструктор, почетник, курсиста итн. Секој има право да ги каже проблемите, предизвиците, разочарувањата, очекувањата во нуркањето. Секој нуркач има право да пријави своја презентација, интересно нуркање, проблеми во нуркањето, презентација на нова опрема, ребридери, презентации на нуркања во странство, длабински нуркања, нуркања на интересни локација низ морињата и океаните. На конгресот ке бидат поканети претставници на еколошки здруженија, капетанија, спортски федерации и сојузи, информира Д-р Горан Балевски од Kлубот за подводни дејности „Охрид“.
И оваа година како и претходната свое излагање ќе имаат претседателот на Сојузот за подводни активности на Македонија Периклија Бешка како и Никола Исаилоски. Како посебни гости со свои презентации се поканети нуркачките тимови од МВР и АРМ.
Конгресот има една единствена цел дружење, размена на искуства, унапредување на нуркачкиот спорт во Македонија и нормално зимско нуркање во Охридското Езеро. Терминот е намерно за крајот на декемри пред Нова година и оваа година наш предлог е поставување на елка со лого на сите клубови од Македонија на градското пристаниште каде е планирано заедничко нуркање на 28 декември, додава Д-р Балевски.
Конгресот ќе се одржи на 27 декември во големата сала на Општина Охрид со почеток во 12 часот, додека на 28 декември е превидено заедничко нуркање на градското пристаниште.
OhridNews











