Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска ќе го одржи 23. Конгрес на кој партијата треба да го потврди Стево Пендаровски за кандидат за претседател на државата на претстојните избори.

Според најавите, на Конгресот ќе се обрати премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, додека работниот дел ќе биде затворен за јавноста. На крајот на конгресот, ќе се обрати избраниот кандидат за претседател на државата.

Во Мала Речица, ќе се одржи седница на Централниот совет на ДУИ, на која ќе се разговара за претседателските избори, конгресот на младината на ДУИ, конгресот на форумот на жените на ДУИ, како и за процесот на рирегистрација на членството.