Сојузот на синдикатите во Македонија не доби нов претседател на конгресот во Охрид, кој по жестока расправа беше прекинат. Незадоволството беше големо кај делегатите кои требаше да избираат нов лидер од еден кандидат во случајов Дарко Димоски. Според најавите верификационата комисија на Синдикатот во рок од 30 дена треба да ги утврди можните кандидати кои ќе бидат предложени за лидерската позиција. 

На конгресот кој се одржуваше во Охрид учествуваа 93 од вкупно 113 делегати од 17 гранкови синдикати кои членуваат во ССМ. Единствен кандидат за лидер беше Дарко Димоски, иако претходно кандидатура поднесоа и Пецо Грујовски од Упоз и Ацо Антевски од полицискиот синдикат кои беа одбиени затоа што не ги исполнувале условите за синдикален лидер. Токму од таа причина реакција вчера стигна и од Европската конфедерација која во отворено писмо упати остра критика посочувајќи дека конгресот е нелегален поради тоа што со ваквиот начин на избор, се повторува постапката за избор на претседател како во времето на Живко Митревски и оти со тоа се блокираат демократските промени во Синдикатот. Од ССМ пак негираат велат дека немаат добиено никаква критика за денешниот конгрес, но дека токму од причина што се залагаат за демократичност постапката за избор на кандидати ќе се повтори.

OhridNews