Коалиција на младински организации СЕГА, во рамки на Програмата на Младински Центар Охрид 2025–2026 (финансирана од Општина Охрид), распишува анонимен, национален, едностепен конкурс за изработка на идејно архитектонско решение за реконструкција и адаптација на постоечки објект во Младински културен центар во Охрид.

Цел на конкурсот е избор на најквалитетно современо архитектонско решение за адаптација на постоечкиот објект – поранешната менза во рамки на касарната Касарна „Михајло Апостолски“ – во функционален и репрезентативен младински културен центар.

Решението треба да обезбеди висока функционалност и рационално користење на просторот, понуди современ архитектонски израз со почитување на историскиот контекст,  овозможи пристапност за лица со попреченост, интегрира одржливи и енергетски ефикасни решенија и воспостави силна врска со зеленилото и природното опкружување.

Повеќе детали на линкот.

OhridNews