Меѓународниот фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури“ распишува конкурс за нови композиции кои ќе бидат изведени во рамки на трите фестивалски вечери: поп, фолк и интернациналната вечер.

Од фестивалот најавуваат дека годинава новина ќе биде тоа што ќе се избираат двајца дебитанти кои ќе добијат можност да настапат на фестивалската сцена. Демо снимките од нивните композиции е потребно да  бидат испратени со пропратни инструменти, пијано и гитара.

Конкурсот е отворен до 1-ви мај 2019 година.