По повод Меѓународниот ден на мајката, 12- ти мај, Женски центар „Бисера“ објавува конкурс за литературни и ликовни детски творби на тема „Мајка“. На конкурсот може да се пријават ученици од основните училишта од Охрид.

Како што информираат од ЖЦ „Бисера“ конкурсот беше отворен на 20- ти април и ќе трае до 7- ми мај.

Литературните и ликовни детски творби може да се достават во просториите на Бисера на ул. Димитар Влахов бр.8 од 11 до 13 часот секој работен ден, од понеделник до петок.

OhridNews