Агенцијата за промоција и поддршка на туризам на Република Македонија, денес, објави конкурс за откуп на фотографии на тема „Вашиот кадар од Македонија“.
– Целта е да Ве поттикнеме, инспирираме, охрабриме да ја споделите и Вие Вашата приказна преку Вашите најубави и најинспиративни моменти кои сте ги имале во нашата земја. Креативноста споделете ја преку Вашите фотографии на најразлични теми: туристички дестинации, активности во природа, гурмански мотиви итн.., велат од агенцијата.
Конкурсот ќе трае до 5-ти декември.
Конкурс за откуп на фотографии – ВАШИОТ КАДАР ОД МАКЕДОНИЈА
OhridNews












