Министерството за образование распиша конкурс за студиски престој во земјите членки на CEEPUS програмата.

Република Македонија како потписник на Договорот помеѓу Република Албанија, Република Австрија, Република Бугарија, Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Република Чешка, Република Унгарија, Црна Гора, Република Полска, Република Молдавија, Романија, Република Србија, Република Словачка, Република Словенија и Република Косово за промовирање на соработката во полето на високото образование во рамките Централноевропската програма за размена во областа на универзитетските студии-CEEPUS, им овозможува на високообразовните институции да партиципираат како партнери во вкупно 36 мрежи од различни области. Во рамки на овие мрежи студентите од прв, втор и трет циклус и професорите имаат можност да аплицираат за стипендии за студиски престој надвор од Република Македонија. Во CEEPUS мрежите вклучени се и Универзитети од гореспоменатите земји.

Програмата има за цел да промовира мобилност на студенти и наставен кадар и соработка и развивање на заеднички програми што води до заеднички дипломи.

За академската 2016/2017 година вклучени се следниве високообразовни институции од Република Македонија: Универзитетот „Св.Кирил и Методиј’’- Скопје, Универзитетот „Св.Климент Охридски’’ – Битола, Универзитет „Гоце Делчев’’, Државен Универзитет во Тетово, Универзитет за информатички науки и технологии „Св Апостол Павле“- Охрид, Институтот Евро- Балкан- Скопје и Американ Колеџ- Скопје.

Единствен начин е онлине аплицирање на www.ceepus.info. Крајниот рок за аплицирање за зимскиот семестар во академската 2016/2017 година е 15 јуни 2016 година, а за летниот семестар во академската 2016/2017 година е 31 октомври 2016 година.

OhridNews