Двокраниот УФЦ шампион Конор МекГрегор најави повлекување од борбите во мешани боречки вештини (ММА). 30-годишниот Ирец одлуката за повлекување ја соопшти утрово на социјалните мрежи и ја збуни целата јавност.

  • Решив формално да се повлечам од ММА борбите. На моите стари колеги им посакува да одат напред и секогаш да победуваат. Сега им се придружив на некои мои пријатели кои веќе се во пензија. Една оригинална Пина колада за мене. – вака напиша на социјалните мрежи МекГрегор.

Последната борба на Ирецот беше пресметката со Кабиб Нурмагомедов октомври минатата година. МекГрегор изгуби со технички нокаут, но борбата се претвори во улична пресметка, откако лица од двајцата борци се пресметуваа едни со други.

Низ кариерата МекГрегор 25 пати беше во рингот и успеа да забележи 21 победа.

OhridNews